7-НЕДЕЛЕН ОНЛАЈН КУРС ЗА РОДИТЕЛИ
Светски призната методологија, достапна на македонски јазик по 7ми пат!
ПОЗИТИВНА ДИСЦИПЛИНА
Март 2026
Што велат родителите за овој курс
Стотина родители ја поминаа обуката за посмирен дом, поголема поврзаност и дисциплина со почит
Искуство кое освестува и кое ни овозможува подобро да ги разбереме децата и нивното однесување. Исто така, курс кој дава многу практични алатки и можни решенија за различни секојдневни ситуации.
Александра
Професионален, темелен, позитивен и мотивирачки. Научив нови работи како подобро да ги сфатам и да станам поблиска со децата.
Доротеа
★★★★★
★★★★★
★★★★★
Пристапот е одличен, материјата е пренесена интерактивно, со примери од секојдневието и од лично искуство и е многу лесна и забавна за следење, те потикнува на размислување. Веќе гледам промени во мојата конекција со ќерката и затоа сум многу благодарна.
Жаклина
★★★★★
Курсот е интерактивен, забавен и освестувачки. Ми се допаѓа што не судиме и критикуваме и најмногу што не е сувопарно - заедно работиме за да стигнеме до одговорот на нашите прашања. После часот имам чувство на сигурност во себе и во постапките кон детето. Омилен дел ми е моментот од родители за родители и решавањето реални и лични проблеми.
Бојана
ИНТЕРАКТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ ВО 7 МОДУЛИ
14 часа предавања во времетраење од 7 недели. Се среќаваме на ZOOM, еднаш во неделата во времетраење од 2 часа.
Интерактивна работа со две сертифицирани едукаторки
Решавање реални и лични ситуации за време на часот
Прирачник за позитивна дисциплина во ПДФ-формат
Картички со сите алатки на позитивната дисциплина во ПДФ-формат
Средба во живо - бранч по завршување на курсот
Неделни задачи за вежбање и читање помеѓу работилниците
Бонус: Бесплатна индивидуална консултација по завршување на курсот
Бонус: Бесплатно учество за партнерот
Почнуваме на 18 март 2026
ИНВЕСТИЦИЈА
ЦЕНА СО РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА
Еднократно 9.600 денари (156 еур)
или на 2 месечни рати по 4.800 денари (78 еур.) месечно.
ПОПУСТОТ ОД 20% ВАЖИ ДО 18.2.2026
РЕДОВНА ЦЕНА
Еднократно 11.990 денари (195 еур)
или на 2 месечни рати по 5995 денари (97,5 еур.) месечно.
ПРИДОБИВКИ
ЗОШТО ПОЗИТИВНА ДИСЦИПЛИНА?
ЗА ДЕТЕТО
Подобра емоционална интелигенција – детето учи како да ги разбира и изразува своите емоции на здрав начин.
Поголема самодоверба – се чувствува ценето и способно, што му помага да стане сигурен и одговорен возрасен.
Развивање самодисциплина – учи како да носи добри одлуки без да зависи од казни и награди.
Подобри социјални и комуникациски вештини – станува поемпатично и знае како да соработува со другите.
Повеќе сигурност и поврзаност – кога родителот реагира со разбирање, детето се чувствува прифатено и сакано.
ЗА РОДИТЕЛОТ
ЗА СЕМЕЈСТВОТО
Помалку стрес и чувство на вина – учиш како да поставуваш граници со љубов и почит.
Подобро разбирање на детското однесување – повеќе нема да се прашуваш „Зошто прави вака?“ и ќе знаеш како да одговориш конструктивно.
Конкретни алатки за справување со предизвици – ќе добиеш практични стратегии што можеш веднаш да ги примениш дома.
Посилна поврзаност со детето – односите стануваат потопли и поискрени, без борби за моќ.
Поголема самодоверба во родителството – ќе знаеш дека постапуваш на начин што е добар и за тебе и за детето.
Помалку конфликти, повеќе хармонија – комуникацијата станува поотворена, а напнатоста се намалува.
Семејство со заемно почитување – сите се чувствуваат слушнати и ценети.
Посилни односи – се гради доверба, што создава сигурна и поддржувачка средина за сите членови.
Поголема соработка и тимски дух – децата се вклучени во решавањето на проблемите, а родителите не мора постојано да бидат „полицајци“.
Елена Граматикова
© 2025. All rights reserved.
infopozitivnadisciplina@gmail.com
072211335
Соња Китановска
070628486
