За нас

Соња е мајка на три деца, сертифицирана едукаторка по Позитивна дисциплина, истражувач по душа и автор на книгата „Разбуди го родителот во себе“. По професија е универзитетска професорка, а по призив — личност која со љубов им помага на родителите да се чувствуваат посигурни, посмирени и поврзани со своите деца.

Елена е мајка на две деца, сертифициран семеен и системски советник и едукаторка по Позитивна дисциплина. Континуирано учи, истражува и создава алатки што им помагаат на родителите да го разберат растењето од секој агол. Автор е на детската книга „Боите на виножитото“, инспирирана од лично искуство и желба да им се приближи емоционалната интелигенција на најмалите.

Заедно, Соња и Елена го создадоа овој курс како безбедно, топло и професионално место каде родителите ќе добијат знаење, поддршка и вистински применливи алатки — за мирен дом, поврзано семејство и растење со љубов.

Контактирајте нѐ

Тука сме да разговараме со вас за сите прашања, предизвици и успеси во родителството.

Контакт телефон:

Елена 072211335

Соња 070628486

Email

infopozitivnadisciplina@gmail.com